Насловна / Архитектура / Бетонската црква во Италија со влез во форма на крст

Бетонската црква во Италија со влез во форма на крст

Бирото Mario Cucinella Architects од Болоња ја создадоа бетонската црква Санта Марија Горети, која вклучува влез во облик на крст, во градот Мормано, јужна Италија.

2_resize

Изградена со поглед на планинскиот Национален парк Полино, современата црква стои на работ на градот Мормано на врв на рид, пишува Dezeen.

Mario Cucinella Architects имале за цел да проектираат објект која истовремено е и современ и поврзан со локалната заедница.

3_resize

1_resize

„Сакавме да создадеме современа зграда што изразува силно чувство на континуитет каков што чувствувавме за црквата, а особено е важно чувството на поврзаност “, вели основачот на бирото, Mario Cucinella.

Бетонската црква е опкружена со заоблени бели ѕидови кои го опкружуваат главниот аудиториум во форма на детелина со четири листови.

4_resize

7_resize

Според бирото, оваа форма е изведена од реинтерпретација на обликот на барокните цркви во регионот Калабрија во Италија.

„Нашиот проект за Санта Марија Горети е спокоен и монолитен и гледа на локалните преседани на калабриската црковна архитектура, но и природните форми на начин кој е можеби исконски или безвременски“, изјави Cucinella за Dezeen.

11_resize

„Ги погледнавме барокните преседани во Италија, како San Carlo alle Quattro Fontane од Боромини, и начинот на кој тие го отелотворуваат ритуалот.“

Делумно за да биде јасна намерата на современата градба, главниот влез на црквата го формира исправена греда во крст што е осветлен ноќе.

„Во црквата се влегува преку засек во облик на крст кој се осветлува ноќе и станува светилник на зградата“, објасни Cucinella.

12_resize

13_resize

Внатре, главните аудиториумски ѕидови на црквата се оставени голи за да се истакне „архитектонската и скулптурната форма на зградата“.

Бирото дизајнираше едноставен мебел од камен што може да се преуреди во зависност од употребата на просторот, додека набори од проѕирна ткаенина се обесени на плафон висок 16 метри.

6_resize

„Дизајниравме едноставен мебел за ентериерот што ја истакнува архитектонската и скулптурната форма на објектот, а и исто така и овозможува на конгрегација да се фокусира на симболиката на уметничките дела и играта на светлината создадена преку ткаенината што виси од плафонот“, додаде Сucinella.

Бирото проектирало и еднокатен парохиски центар покрај црквата. Со зелен кров, оваа зграда содржи парохиска сала, неколку училници и резиденција за свештенството.

8_resize 9_resize 10_resize

14_resize

15_resize

13_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top