Насловна / Арт и дизајн / Изложба на „Метрополитен“ која ги поврзува Disney и француската декоративна уметност

Изложба на „Метрополитен“ која ги поврзува Disney и француската декоративна уметност

Музејот на уметностите “Метрополитен“ во Њујорк, приредил изложба која се занимава со личната фасцинација на Walt Disney со европската уметност и појаснува што го инспирирало во своите анимирани филмови да користи француски мотиви на свеќниците, чајниците и часовниците кои пејат и зборуваат.  На изложбата во „Метрополитен“ се изложени 60 дела од европската уметност на 18-тиот век и 150 продукциски трудови на Disney.

met1

met2

Кустосот Wolf Burchard вели дека посетителите на изложбата ќе ја уочат поврзаноста помеѓу изложените антиквитети и уметничките дела со кои мајсторот на анимацијата се сретнал во Париз како момче, и неговите продукциски дела. Појаснува дека изложените предмети откриваат на кој начин уметниците кои со децении работеле за Disney ги црпеле своите идеи од позлатените фотелји и софи, неоготочката архитектура или уметноста на средниот век. Од „Снежана и седумте џуџиња“ (1936), преку „Трнорушка“ (1959), до „Убавицата и ѕверот“ (1991), изложбата истражува на кој начин овие класици биле инспирирани од уметничките дела.

met3

met4

met5

Walt Disney е роден во Чикаго во 1901 година. Прв пат ја посетил Франција на 17 години, набрзо по завршувањето на Првата светска војна, и тоа како доброволец на Црвениот крст.

met6

US-DISNEY-MET

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top