Насловна / Вести / Издадени се првите зелени обврзници во Хрватска

Издадени се првите зелени обврзници во Хрватска

Компанијата M+ Grupa, е прва во Хрватска која издаде одржливи обврзници во вредност од 40 милиони евра. Оваа хрватска компанија се занимава со пружање услуги на контакт центри и аутсорсинг за деловни и технолошки процеси во 14 земји. Одржливите или ESG обврзници (Environmental, Social and Governance) се новост ан светските пазари на капитал. Тие се наменети за инвеститорите кои освен профит очекуваат и позитивни резултати од работењето во однос на животната средина и општеството.

mgrupa1

Стратешки партнери за емисиите на обврзници се Erste&Steiermärkische Bank, членка на Erste Group, и Европската банка за обнова и развој (EBRD). Останатите купувачи се институционални инвеститори, меѓу кои осигурителни куќи и инвестициски фондови. M+ Grupa се обврзала да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 25 % и да ја зголеми застапеноста на жените во управувачката структура на 51%.

mgrupa2

Инаку и грчката компанија GEK Terna на крајот на 2021 година најави пласирање на обични обврзници со клаузула поврзана со одржливоста, а Србија со помош на зелени обврзници собра една милијарда евра.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top