Насловна / Вести / Како „Енергоинвест“ стана југословенски и светски гигант? Заслугата е главно на еден човек

Како „Енергоинвест“ стана југословенски и светски гигант? Заслугата е главно на еден човек

Неодамна објавивме за документарниот филм кој го снима познатата режисерка од Босна и Херцеговина, Јасмила Жбаниќ, посветен на Емерик Блум – човекот кој е заслужен за успехот на компанијата „Енергоинвест“. Повозрасните добро се сеќаваат на оваа компанија со седиште во Сараево а која своевремено беше југословенски но и светски бренд. Овој текст презентира информации токму за оваа компанија, но и за Емерик Блум, човекот кому е посветен и споменатиот документарен филм. Кој всушност бил Емерик Блум? Веројатно најточниот опис е „визионер“.  Американскиот Newsweek ги споредил неговите дела и успехот на „Енергоинвест“ со оние на Siemens или Hitachi. За помалку од четири децении, тој успеал да ја развие малата компанија „Енергоинвест“ од проектантско биро со 70 вработени на светски препознатлива компанија со 50.000 вработени.

energoinvest1

Работел согласно највисоки професионални стандарди. Во 1969 година, воспоставува стратешка соработка со една од најголемите светски консултантски куќи - McKinsey, која ќе трае се до трагичната 1992 година. Блум бил свесен дека економскиот успех зависи од доброто образование, и особено бил посветен на соработката помеѓу високото образование и стопанството. Биле стипендирани илјадници студенти. Од друга страна, инсистирал на научни звања кај своите водечки стручњаци, со цел истите и да предаваат на техничките факултети. Работел тимски, со цел штаб проефесионалци зад себе, кој ги инспирирал со својата енергија и организациски способности. Деловен човек кој секогаш работел за јавното добро, а компанијата успешно ја пробивал на пазарите и градилиштата во Европа, Азија, Африка , Северна Америка.

energoinvest2

Во периодот од 1981 до 1983 година бил градоначалник на Сареаво и направил многу во пресрет на Зимските олимписки игри кои се одржаа во овој град во 1984 година. Тој прв се фатил во костец со еден од најгорливите проблеми на градот – загадувањето на воздухот. Негови проекти се гасификацијата на градот и тролејбускиот сообраќај. Во едно свое интервју, своевремено рекол дека жали што не успеал да спроведе дебирократизација во управувањето со градот, како и широка вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуките. Бил градоначалник само две години. Не е тешко да се претпостави, што би реализирал доколку на оваа позиција бил подолго време.

energoinvest3

Успехот на Емерик Блум е дотолку повеќе значаен имајќи ги во предвид неговите тешки животни предизвици. Имено, какао сараевски Евреин во текот на Втората светска војна се нашол во повеќе концентрациони логори. Дипломирал електротехника на Универзитетот во Прага во 1939 година. Добитник на бројни важни признанија меѓу кои Орден за заслуги на Италија и Витез на легијата на честа на Франција. Роден е во 1911 година во Сараево, а починал во истиот град во 1984 година.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top