Насловна / Архитектура / Детска книга „Обои и создади архитектура“

Детска книга „Обои и создади архитектура“

RIBA издаде детска книга „Обои и создади архитектура: Џорџи наоѓа нов дом“, илустрирана од Nerea Bermejo Olaizola.

Книгата им помага на децата да ги откријат градовите во светот со жирафата Џорџи на забавен и едукативен начин. Со повеќе од 50 прекрасни страници за дизајнирање и боење, и со градови како Барселона, Истанбул, Лондон, Њујорк, Рим, Сеул, Шангај и многу други, малите архитекти ќе се забавуваат со часови истражувајќи различни архитектонски стилови од целиот свет.

kn4_resize

Книгата ги поттикнува новите проектанти да ја искористат својата имагинација, меморија и вештини за набљудување за да го истражуваат светот околу нив на разигран и информативен начин. Таа им овозможува уживање во патувањето и да бидат креативни додека одат на возбудлива архитектонска авантура.

кн_resize

Коментирајќи го процесот зад книгата, Nerea вели: „Сакав да создадам приказна со лик кој им помага на децата да размислуваат и да бидат свесни за размерот и просторите во кои живеат. Жирафата Џорџи е многу висока и има тешкотии да се вклопи во секојдневните места. Се надевам дека ова ќе им помогне на децата да проектираат поинклузивна иднина. Сакав да ги запознаам децата со јазикот на архитектурата што промовира одржливост, соработка и инклузивност на забавен начин!“

Книгата може да се нарача тука.

kn3_resize kn2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top