Насловна / Вести / Интересна апликација на IKEА: Го „брише“ постоечкиот мебел и го менува со нов

Интересна апликација на IKEА: Го „брише“ постоечкиот мебел и го менува со нов

IKEA веќе им нуди можност на купувачите по пат на AR технологијата да видат како би можел да изглда новиот мебел во нивниот дом, а сега е тука и AI апликацијата за уредоте со iOS, која претставува голем чекор напред. Станува збор за апликацијата IKEA Kreativ, која ја скенира просторијата со помош на LiDAR и прави комплетна 3D, а потоа на корисникот му овозможува да го избрише/отстрани постоечкиот мебел и наместо него да „испроба“ нови елементи од IKEA. На тој начин на купувачите им се дава подобар увид во изгледот на мебелот во нивниот дом. Може да се испробаат различни алтернативи и да се направи целокупниот дизајн на просторијата. Сите идеи можат да се снимат и да се споделат со другите. Скенирањето се врши со помош на Kreativ Scene Scanner кој користи LiDAR.

ikea1

ikea2

На оние на кои им е потребна инспирација, IKEA им препорачува 50 нови 3D изложбени простори кои овозможуваат виртуелно прегледување на каталози и испробување на прозиводи во 3D опкружување, како и брза промена, поместување, ротирање и сл. на производите на IKEA. Споменатата апликација е нов high-tech потег на шведската компанија која навлегува во светот на метаверзумот.

ikea3

ikea4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top