Насловна / Арт и дизајн / Статуа фест – „Танго на улица“ во Скопје

Статуа фест – „Танго на улица“ во Скопје

Во центарот на Скопје, на сквер „Јадран “, вчера почна „Статуа фест – Другото лице на улицата“, фестивалот кој ја прикажува уличната уметност преку живите статуи, а ќе трае до сабота (25 јуни).

IMG_20220623_192839 (1)

IMG_20220623_192510

Ова е шестото издание на „Статуа фест – Другото лице на улицата“, а тема на овогодинешниот фестивал е „Танго на улица“.

Организаторите истакнаа дека фестивалот како и секоја претходна година концептуално раскажува приказни, а оваа година раскажува за тангото, како што велат тие „со намера да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена во некој раздвижен простор во длабочините на аргентинското танго, во обид да ги види и запознае оние скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, придружени со разиграниот уличен миг на евергринот“.

IMG_20220623_192347

IMG_20220623_192308

Фестивалот се одржува во организација на „ТЕАТРОСК”, театарска продукција која изведува уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер, воедно со поддршка на Град Скопје.

фото: КИРО ПОПОВ

IMG_20220623_192120 IMG_20220623_192041

IMG_20220623_191848 IMG_20220623_191659

IMG_20220623_192637

IMG_20220623_192716

IMG_20220623_192750

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top