Насловна / Ентериери / Интересен ентериер обликуван со помош на геометриски мостри

Интересен ентериер обликуван со помош на геометриски мостри

Овој стан е речиси вообичаен. Тој по својата површина и состав е ист со становите во кои повеќето семејства живеат. Становите со дневна соба, кујна и трпезарија во јавниот дел и две до три спални соби во интимниот дел од станот се секојдневие во секое општество.

1-mostri

Она што го прави посебен овој стан е тоа што неговото ентериерно уредување е иновативно и интересно. Дневната соба е во интегриран простор со трпезаријата и кујната, и сè заедно претставува простран простор кој е надополнет со употреба на бела боја во изобилство, што го надополнува впечатокот за пространост.

2-mostri

3-mostri

4-mostri

5-mostri

Спалната соба на двете деца е заедничка. Мострите што се појавуваат на ѕидот и претставуваат полици се во триаголна форма. Истата форма се повторува и на плафонот, но овој пат таму се сместени плафонските светилки.

6-mostri

Освен ова, интересен детаљ во детската спална соба е тоа што во еден од аглите на собата се поставени неколку справи за вежбање.

7-mostri

8-mostri

Спалната соба на родителите, со својата материјализација дава поголемо чувство на интимност и опуштеност. Исто така, тука се поставени шестаголни мостри кои даваат 3Д печат на еден од ѕидовите во собата.

9-mostri

10-mostri

11-mostri

12-mostri

13-mostri

14-mostri

Испрати коментар

Scroll To Top