Насловна / Арт и дизајн / Изложба на современ накит „РEфлексии“ од Јана Ацевска

Изложба на современ накит „РEфлексии“ од Јана Ацевска

Во салонот за мебел „Think“, од 21 до 23 април, ќе биде отворена изложба на софистициран, современ накит од колекцијата насловена „РEфлексии“ на една од најактивните македонски дизајнерки, Јана Ацевска.event-fb

Изложбата ќе биде од продажен карактер, а накитот ќе може да се погледне и да се купи на 21 април (четврток) од 17 до 21 часот, на 22 април (петок) од 15 до 20 часот, како и на 23 април (сабота) од 10 до 15 до часот.REflection 05

Релацијата на традиционалното со современото, е обид да се создадат нови приказни, единствени и специфични. Тоа е идејата на новата колекција „РEфлексии“ на Јана Ацевска, која се потпишува под името „Капка“. REflection 01

Накитот е инспириран од текстури, од бои и од материјали присутни во македонската народна носија, а истовремено претставува и инспирација за креација на современи предмети врз основа на традиционални елементи. Прецизно избраните бои на стаклени мониста и метални нишки се основните материјали од колекцијата „РEфлексии“.REflection 08

Всушност, она што овој пат го издвојува накитот на Ацевска од останатите, е што парчињата накит сопственикот може сам да ги обликува и да создава своја лична приказна. „РEфлексии“ е спој на минатото, сегашноста и иднината, односно на креатори од минатото и на авторката, каде минатото и сегашноста се испреплетуваат.REflection 07

Покрај новите парчиња накит од колекцијата „РEфлексии“, на изложбата ќе бидат претставени и творби од минатите и веќе познати колекции на Јана Ацевска, односно на уникатниот бренд „Капка“.

Испрати коментар

Scroll To Top