Индија планира најдоцна до 2047 година да изгради хидроенергетски капацитет од над 76 GW во басенот на реката Брамапутра, преку развој на електроенергетската инфраструктура вредна 77 милијарди долари.
Реката Брамапутра, долга околу 2.900 километри, e една од најдолгите во Азија. Од својот извор на Тибет, тече низ Кина, Индија и Бангладеш. Оваа река, која различно се нарекува од регион до регион, има огромен хидроенергетски потенцијал.

Кина на оваа река веќе ја гради најголемата брана на светот. Проектот „Медог“ ќе го надмине моментално најголемиот хидроенергетски проект на светот „Три клисури“, кој исто така се наоѓа во Кина. Пректот „Медог“ предизвика загриженост во двете низводни држави. Индија стравува дека кинеската брана би можела да го намали протокот на вода во сушната сезона и на незјина страна до 85%. Како одговор, Индија донела план вреден 77 милијарди долари за развој на електроенергетската инфраструктура. Идните хидроелектрани во басенот на Брамапутра би произведуваке електрична енергија за пренос во остатокот од земјата. Овој проект има стретешко значење и треба да одговори на се поголемата побарувачка на енергија. Планот опфаќа 208 големи хидроенергетски објекти во склоп на 12 подбасени во североисточните држави на Индија. Вкупниот планиран инсталиран капацитет изнесува 76GW, од кои 11GW во реверзибилни електрани. Првата фаза на планот, која ќе трае до 2035 година, ќе бара инвестиции од 23 милијарди долари, додека втората фаза ќе чини 54,5 милијарди. Индија има за цел да ја намали зависноста од фосилни горива, така што до 2030 година ќе обезбеди 500GW капацитет од обновливи извори, а до 2070 планира да стане јаглеродно неутрална земја.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија