Ново електронско издание – вториот модул од серијата прирачници за проектирање на конструкции за станбени објекти според Еврокодови, сега достапен и на македонски јазик!
НОВО ИЗДАНИЕ – ПРОЕКТИРАЊЕ КОНСТРУКЦИЈА ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ
МОДУЛ #2 – ДРВЕНА КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА
Што содржи овој прирачник?
- Проектни пресметки за дрвените елементи на кровот + врски (според Еврокодовите)
- Пресметка на проектни оптоварувања
- Верификација на граничната состојба на носивост и употребливост за: OSB плочи, рогови, рожници, греди
- Проектирање и контрола на врски
- Анализа на стабилност – Дрвена дијафрагма

Што го прави овој прирачник посебен?
Македонската верзија е целосно прилагодена со националните параметри (NDP) од Еврокод стандардите.
За авторите:
- Лаурин Ернст – Градежен конструктор и основач на Structural Basics, со богато искуство во проектирање на различни видови конструкции
- Проф. д-р Сергеј Чурилов – Редовен професор на Градежниот факултет во Скопје, со над 20 години искуство во проектирање, ревизија и анализа на градежни конструкции

Идеален за:
- Инженери кои работат со Еврокодови или сакаат да ги освежат и прошират своите знаења
- Студенти по градежништво
- Ентузијасти
Набавете го Вашиот примерок во електронска форма:
- Стандардна цена за македонското издание: https://lnkd.in/dJYi4rhm
- Цена за студенти (50% попуст): Контактирајте ме за код за попуст!
Модулот #1 – Дејства, е достапен на македонски јазик на: https://lnkd.in/e6NpUiPm
Овој прирачник е резултат на соработката со Laurin Ernst од Structural Basics, кој несебично го сподели своето знаење и искуство. Благодарност до него за оригиналната верзија и можноста да ја адаптираме за македонскиот пазар!
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија