Насловна / Арт и дизајн / Иконичниот портрет на Ворхол на Мерилин Монро продаден за рекордни 195 милиони долари

Иконичниот портрет на Ворхол на Мерилин Монро продаден за рекордни 195 милиони долари

Славниот портрет на Мерилин Монро, кој Енди Ворхол го создал по нејзината смрт во 1962 година, продаден е на аукција за неверојатни 195 милиони долари.

005_resize

Често карактеризирано како „врвот на американската поп култура“, делото на Ворхол, Shot Sage Blue Marilyn, постави два нови ценовни рекорди – за уметничко дело од 20 век, како и за уметничко дело создадено од Американец.

Ворхол го создал портретот по смртта на актерката во 1962 година, односно во 1964 година и оттогаш стана едно од најпознатите дела на поп-артот.

001_resize

Се наоѓаше во колекцијата на швајцарските трговци со уметнички дела Томас и Дорис Аман, а продадено е на аукцијата на „Christie’s“ во Њујорк.

Интересно е дека постигнатата цена не е изненадување, бидејќи проценките пред продажбата се движеле и до 200 милиони долари.

Чеканот го означи крајот на продажбата на 170 милиони долари, а со дополнителни провизии и бакшиш сликата достигна вкупна цена од 195 милиони.

003_resize

Ворхоловата „Сина Мерлинка“ постави рекорд за најскапо уметничко дело создадено во 20 век, симнувајќи ја од тронот сликата Les Femmes d’Alger (Version O) од Пабло Пикасо, која во 2015 година беше продадена за 179,4 милиони долари.

004

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top