Насловна / Вести / Ирското пристаниште ќе гради центар за обновлива енергија од 200 милиони евра

Ирското пристаниште ќе гради центар за обновлива енергија од 200 милиони евра

Најавени се планови за создавање на главен центар во ирското пристаниште Рослар за поддршка на офшор секторот за обновливи извори на енергија. Ирското пристаниште Рослар треба да инвестира 200 милиони евра за да стане главна база во земјата за изградба на офшор фарми со ветерници бидејќи Ирска има за цел да генерира 80 отсто од својата енергија од обновливи извори до 2030 година.

1 (1)

Планот предвидува обезбедување на клучни инфраструктурни барања за опслужување на различните фази на проектите за офшор ветерни електрани, вклучувајќи склопување, поставување на клучните компоненти, тековни операции, одржување и трансфери на екипажот. Потребните работи вклучуваат наменски изграден кеј до 50 хектари, како и изградба на контролен центар и канцеларии.

1 (2)

“Rosslare Europort беше во првите редови на нашиот национален одговор на некои од најкритичните прашања со кои се соочивме во последно време. Работејќи со државните агенции, Рослар се подготви и одговори на Брегзит, трансформирајќи ги нашите директни врски со континентот Европа“, вели Џим Мид, главен извршен директор на Iarnród Éireann.

1 (3)

“Ние се ангажиравме опширно на европско, национално и регионално ниво за да ги разбереме потребите на индустријата за ORE. Јасно е дека не само што Rosslare Europort е уникатно поставен за поддршка на развојот на индустријата, туку дека овој развој може да биде трансформативен за југоисточниот регион“, додава Глен Кар, генерален директор на Rosslare Europort.

1 (1)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top