Насловна / Вести / Иднината на храната: Генетски модифициран домат за повеќе витамин Д

Иднината на храната: Генетски модифициран домат за повеќе витамин Д

Со оглед дека витаминот Д е особено важен за заштита на здравјето, научниците од центарот John Innes,  се обиделе да осмислат намирница која по пат на генетска модификација ќе стане побогата со витамин Д. Резултатот е генетски модифициран домат, исклучитело богат со витамин Д.

tomato1

Притоа е искористен CRISPR (Clustered Regularly Interspaced Short Palindromic Repeats) системот за управување со гените, со цел во доматот да го исклучат специфичниот ензим кој го претвора претходникот нa витаминот Д (7-DHC) во други молекули. Без тој ензим,  7-DHC се акумулира во плодот на доматот и тоа во многу поголеми количини. Со цел 7-DHC да се претвори во витамин Д во самиот домат, потребно е да се изложи на UV светлина. Научниците утврдиле дека така изменетиот домат има витамин Д колку во 28 грама туна, а доколку е изложен на Сонце таа количина дополнително ќе се зголеми.

tomato2

tomato3

Во својата студија објавена во списанието Nature Plants, овие научници истакнуваат дека е можно приилагодување и на други билки, со цел да бидат побогати со витамини и минерали. Како пример го наведуваат компирот, кај кој би се спровела истата постапка како кај доматот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top