Насловна / Вести / И General Motors пласира електричен велосипед

И General Motors пласира електричен велосипед

Компанијата General Motors (GM) најави два модели на електрични велосипеди, еден компактен и друг кој ќе може да се склопува. Деталите за моторот на велосипедите, батеријата и сл., засега не се познати. Во 2015 година, Washington Post пишуваше за намерата на GM да возспостави  e-bike услуга слична на услугата GoBike на компанијата Ford, но засега се знае дека велосипедите ќе бидат наменети за потрошувачите, а не за споменатиот сервис. Сепак, велосипедите имаат потенцијал да се вклопат во постоечката платформа на GM која подразбира делење на автомобил. Од GM соопштуваат дека компанијата сака да им помогне на луѓето полесно да се движат низ градовите, и дека примарно се наменети на првите и последните километри од рутата. Предност е дека може да се склопи и да се превезува со средствата за јавен транспорт. Самиот дизајн на велосипедите е дело на дизајнерите на автомобили во компанијата. Иако дизајнот на велосипедот е готов, тој сеуште нема име. Затоа компанијата нуди 10.000 долари за победникот на натпреварот за избор на име. Победникот од натпреварот, односно името на велосипедот ќе биде прогласено на почетокот на 2019, а кратко потоа ќе започне и продажбата.

gm e-bike1

gm e-bike2

Испрати коментар

Scroll To Top