Насловна / Архитектура / Foster+Partners ќе го проектира новото седиште на JP Morgan Chase во Њујорк

Foster+Partners ќе го проектира новото седиште на JP Morgan Chase во Њујорк

Компанијата Foster+Partners е избрана за проектант на новото седиште на  JP Morgan Chase на Парк Авенија во Њујорк.  Новиот концепт ќе ги замени постоечките деловни простории на Менхетн, на оваа инвестициска банка, и ќе вдоми околу 15.000 вработени низ 70 ката, наместо досегашните 52 ката на зградата проектирана од страна на Skidmore Owings and Merrill во 60тите години од минатиот век. Минатиот месец, компанијата Foster+Partners ја добија престижната RIBA Stirling Prize за 2018 година за европското седиште на Bloomberg. Портфолиото на компанијата во Њујорк го надополнуваат проектите за Hearst Tower, опишана како „првата зелена висока деловна зграда во Њујорк“ во 2006, како и тековниот проект со височина од 300 метри, 50 Hudson Yards.

jp morgan1

Испрати коментар

Scroll To Top