Насловна / Арт и дизајн / Германија во фокус на Skopje Design Week 2018

Германија во фокус на Skopje Design Week 2018

Во Скопје од 21 до 25 ноември се одржува осмиот Skopje Design Week во соработка со Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Оваа година земја во фокус е Германија.12-1

„Германија, моторот на Европа во индустриски развој, производство, извоз и земја број 1 во светот во организирање интернационални саеми и поврзување на бизниси од целиот свет. Добриот и квалитетен дизајниран мебел може да има успех само доколку производителот успее да го пласира на светските пазари, а она што е најтешко за најголемиот дел од македонските производни компании е долгорочниот пласман на светските пазари“, велат организаторите.11

Препознавајќи ги овие тешкотии на компаниите, Skopje Design Week најави дека ќе организира дводневна работилница, на која ќе говорат двајца светски познати експерти, Хелмут Меркел и Уве Дитерсен. Едниот долгогодишен познавач на индустријата за мебел во Германија и консултант за врвни светски мебел призводители, а другиот со долгогодишно менаџерска позиција на саемот за мебел ИММ Келн (IMM Cologne). Со други зборови, велат организаторите, во Скопје ќе се појави кремот на мебел-индустријата во светот.5

Двоедневната работилница, која ќе се одржи во период 22 – 23 ноември, е наменета за менеџмент на компании производители на мебел, кои сакаат своите производи успешно да ги понудат на светските пазари, сакаат да склучат договори со клучни дистрибутери во индустријата на мебел и сакаат да дознаат кој е патот до успешен саемски настап, но и како може да се избегнат непредвидените трошоци – соопшти Александар Велиновски, директор на „Јавна соба“, домаќин на овогодишниот Skopje Design Week.

3-3

Саемот ИММ Келн е најважниот саем за мебел во светот на кој 1.200 изложувачи од 50 држави ширум светот ги претставуваат најновите трендови во индустријата за мебел и креативни решенија за живеење.

„Само 10 проценти од македонските компании кои произведуваат мебел извезуваат во странство, поточно 5 фирми“, соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

(Макфакс)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top