Насловна / Арт и дизајн / Huawei Watch GT 3 Pro, ја освои EISA наградата за најдобар паметен часовник

Huawei Watch GT 3 Pro, ја освои EISA наградата за најдобар паметен часовник

Од компанијата Huawei соопштуваат дека нивниот часовник, Huawei Watch GT 3 Pro прогласен за најдобар паметен часовник во индустријата, по изборот на EISA (Experts Imaging and Sound Association). EISA е составена од над 60 најугледни новинари, веб страници и специјализирани часописи за потрошувачка електроника. Huawei ја добива наградата во оваа категорија веќе трета година по ред.

smartwatch1

Членовите на EISA, го опишале часовникот Watch GT 3 Pro како најугладен и најкомплетен паметен часовник досега, фалејќи го неговиот класичен луксузен дизајн со премиум материјали како титаниум, керамика и сафирно стакло. Освен со дизајнот, часовникот воодушевил и со својот напреден оперативен систем,  мноштвото опции за следење на здравствената состојба, како и со долготрајноста на батеријата.

smartwatch2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top