Насловна / Арт и дизајн / Мултифункционална закачалка Acrobat

Мултифункционална закачалка Acrobat

Acrobat е мултифункционално парче за складирање кое ги комбинира компонентите за чување предмети кои вообичаено се оставаат на полица или маса со функцијата за закачување на облека.

1_resize

Во ситуација кога се повеќе се продолжува со намалување на просторот за живеење, мебелот кој е што повеќе мултифункционален, подобро. Повеќенаменскиот мебел и опрема помагаат да се создаде повеќе животен простор, а истовремено обавува и повеќе функции.

2_resize

Acrobat, повеќенаменска закачалка дизајнирана е од João Teixeira се раководи од идејата на заштеда на простор. Дизајнирајќи го Acrobat, тој се надевал дека ќе најде флексибилност преку принципите на минимализмот. Дека ќе постигне уникатен, софистициран дизајн додека структурата ќе остане основна и едноставна.

3_resize

„Усвојувањето на решението за троножец беше клучно за нештата да бидат стилски, динамични и елегантни. Свитканата метална цевка дава чувство на континуитет со заварување само на едната страна, овозможувајќи овој простор да се користи како место за закачување шалови или друго. Врвовите на метална цевка може да се користат и за облека или капи без потреба од закачалка. За да додадеме вредност на ваквото извонредно парче мебел, се одлучивме да ја зголемиме неговата функционалност со додавање отвори во дрвените шипки што му овозможуваат на корисникот лесно да ги чува дневните додатоци како што се паричници, очила или клучеви без да ја отфрли можноста да се закачуа и облека. Комбинацијата на дрво и метал овозможува интересни контрасти на текстура и бои“ велат од дизајн студиото на Teixeira.

4_resize

5_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top