Хотел на кој се скија на кров
Насловна / Архитектура / Хотел на кој се скија на кров

Хотел на кој се скија на кров

Проектантското биро Bjarke ingels group (BIG) ги обелодени проектите за нов хотел во Швајцарија , кој ќе биде интегриран во топографијата на ридскиот предел Vallée de Joux и питомата околина.

5

Проектот за хотелот, BIG го изработил во соработка со локалното биро CCHE. Инвеститор е компанијата за луксузни часовници Audemars Piguet.

2

“Hotel des Horlogers” ќе биде сместен веднаш до музејот на производителот на луксузни часовници кој исто така е проектиран од BIG. Kако дел од дизајнот на хотелот карактеристични се пет цик-цак волумени кои содржат хотелски соби. Благи косини суптилно преминуваат на патот околу објектот кој директно води кон музејот и скијачките терени.

1
Пад од 6% на косините на терасите околу волумените им овозможува на гостите за почнат со скијање уште од кровот на хотелот.

7
Хотелот е со површина од 6.300 квадратни метри. Содржи 45 соби, 8 помали апартмани и два поголеми апартмана, конференциски сали, лоби, три ресторана, бар, дневно кафе, велнес центар. Внатрешен континуиран коридор ги поврзува собите, олеснувајќи го движењето на гостите и циркулацијата на услугите.

6
Од степенасто организираниот кров се простира преубав поглед на околните планински предели. Ресторанот, барот, спа центарот и конференциската сала орјентирани се кон долината, користејќbbbи го поменатиот поглед и природното осветлување.

3

4

8

9

10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top