Насловна / Вести / На 22 април акција за чистење на езерото Козјак

На 22 април акција за чистење на езерото Козјак

Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија” ја известуваат јавноста дека во недела на 22 април, по повод одбележувањето на Денот на Планетата Земја, ќе спроведат акција за чистење на езерото Козјак.
Во исто време ги покануваме сите заинтересирани љубители на чистата животна средина да ни се приклучат во оваа еколошка акција, да поминат еден убав ден во прекрасната природа покрај езерото во исто време давајќи свој придонес кон чистотата и убавината на неговата околина.

2
За успешно спроведување на Акцијата ќе се формираат два централни пункта во с.Здуње и с.Близанско од каде што ќе стартуваат тимовите со чамци и потребна опрема за чистење на Езерото, додека членовите на граѓанските здруженија, граѓаните и посетителите ќе го чистат крајбрежието. Во акцијата се приклучува и Асоцијацијата на колективни управувачи со отпад, спортисти (кајакари, нуркачи, планинари), државни институции, општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Акцијата ќе започне во 11:00 часот, а ќе завршиво 15:00 часот.

1

Нашата цел е да се намали отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.
Акцијата е дел од Националната акција за чистење на отпадот на целата територија на Република Македонија чија втора фаза ќе се спроведе во месец септември. Со овие активности традиционално се вклучиме во глобалната акција – Let’s do it! World Cleanup 2018. Акцијата е официјално поддржана од Европскиот Парламент и во неа учествуваат над стотина земји во светот.
ПОСЕБНА НАПОМЕНА: За пристап до посочените локации постои посебен возен режим. Регуларниот возен режим е од 6:30 -9:00 во правец кон локациите и од 16:00-18:30 кон Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top