Насловна / Вести / Нов ензим што јаде пластика

Нов ензим што јаде пластика

Научниците случајно развиле ензим што може да го јаде пластичниот отпад кој може да се искористи во борбата против еден од најлошите проблеми со загадувањето во светот, објави Си-ен-ен.пластика

Истражувачите од британскиот Универзитет во Портсмут и Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (NREL) ја откриле структурата на природниот ензим што се наоѓа во центарот за рециклирање отпад пред неколку години во Јапонија.

Тие велат дека ензимот Ideonella sakaiensis 201-F6 е способен да јаде полиетилен терефталат, кој бил патентиран како пластика во 40-тите и се користи во милиони тони пластични шишиња.

Целта на научниците била да ја проучат неговата структура, но тие случајно дизајнирале ензим што е уште подобар за разложување на ПЕТ-пластиката.

„Ние се надевавме дека ќе ја одредиме неговата структура за да помогнеме во протеинскиот инженеринг, но завршивме чекор подалеку и случајно изградивме ензим со подобрени перформанси при разложување на овие пластики“, рече водечкиот истражувач на NREL, Грег Бекам.

Откритието би можело да резултира со решение за рециклирање за милиони тони пластични шишиња направени од ПЕТ, кое моментно трае стотици години во животната средина, објави Универзитетот во Портсмут на својата веб-страница.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top