Насловна / Ентериери / Холивудска вила во европски стил на Ева Лонгорија

Холивудска вила во европски стил на Ева Лонгорија

Кога било објавено дека Том Круз ја продава својата вила во Холивуд Хилс, никој не знаеше кој е новиот сопственик на неговиот луксузен имот.eva longorija vila

Сепак, идентитетот на сопственикот неодамна бил откриен – тоа е убавата актерка Ева Лонгорија. Таа платила 11,4 милиони долари за овој деликатен, палацијален и заштитен имот.eva longorija vila (2)

Вилата се наоѓа на приватен имот кој мери 2,75 хектари. Главната куќа на имотот има два ката и ѕидови од стакло, кои нудат исклучителен панорамски поглед на долината Сан Фернандо.eva longorija vila (3)

Изградена во чисто европски стил, вилата нуди три спални соби, при што секоја од нив има своја бања и луксузен под, венецијански ѕидови и други елементи на рафинирана декорација. Кујната во оваа вила има префинет италијански стил, со луксузни апарати од висока класа.eva longorija vila (4)

Посебната резиденција за вработените или гостите, има четири спални соби и четири бањи, како и исти декоративни елементи од главната вила.eva longorija vila (5)

Во екстериерот, овој имот вклучува базен во стил на „лагуна“, со пешачки мост. Во близина се наоѓаат затскриена вечерна тераса – идеална како трпезарија на отворено, игротека за деца и посебна гаража за три автомобили.eva longorija vila (6)

Испрати коментар

Scroll To Top