Насловна / Архитектура / Општина Центар ја најави изградбата на модерно основно училиште во Капиштец

Општина Центар ја најави изградбата на модерно основно училиште во Капиштец

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и советниците од коалицијата, денеска го најавија реализирањето на едно од главните изборни ветувања – изградба на основно училиште во населбата „Капиштец“.Novo uciliste - Kapistec (4)

На последната седница на Советот на општина Центар, сите советници гласаа за изградба на ново училиште за деца од шест до петнаесет годишна возраст, со капацатитет од 500 ученици.

Таканаречената „школа-парк“ ќе се наоѓа во Капиштец, на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3142 м2.Андре_ Жерновски

Автор на проектот и победник на конкурсот е тимот од Studio BMA(Besian Mehmeti Architects), Бесиан Мехмети, Стефан Атанасовски, Арменд Хебипи и Никола Кунголовски. Основниот проект го работи Инком инженеринг.

„Проектот е изработен со цел да ги задоволи сите стандарди за современо образование. Училиштето ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремена опрема, неопходна за квалитетно образование на децата. Греењето ќе биде подно и во секоја училница ќе има спроведено вода. Во зимски услови, водата во тоалетите ќе се грее преку топлопната мрежа, со што ќе се постигне идеална температура во просториите“, рече Жерновски.Novo uciliste - Kapistec (6)

Ќе биде овозможен соодветен пристап на лица со посебни потреби, до и во внатрешноста на објектот. Ќе има заштитна тампон зона меѓу влезот во училиштето и околните сообраќајници, со обезбеден паркинг за посетителите и родителите. За врвна безбедност на учениците, ќе има подземни премини до училиштето.Novo uciliste - Kapistec (5)

Шематскиот урбанизам ја отвора можноста за формирање на една значителна „зелена маса“, која вклучува и ботаничка градина. Ова ја покажува заложбата на општина Центар за заштита на животната средина.Novo uciliste - Kapistec (7)

По градинката „Кочо Рацин“, која е успешен проект, општо прифатен од сите, ова училиште е уште една алка во долгата низа инвестиции во образованието на младите во општина Центар.

“Ние не инвестираме во објекти, туку во нашата иднина. И овие скици од новото училиште, не се фотошоп или пре-амбициозен проект, туку она што ќе го реализираме“, рече Жерновски.Novo uciliste - Kapistec (3)

До 10-ти декември сите објекти на просторот каде што ќе се гради новото училиште ќе се иселат, а од 10-ти декември, започнува расчистувањето на теренот за изградба на првото училиште од Капиштец.Novo uciliste - Kapistec (2) Novo uciliste - Kapistec (1)

Испрати коментар

Scroll To Top