Насловна / Вести / Грција со посебно Министерство за климатска криза и цивилна заштита

Грција со посебно Министерство за климатска криза и цивилна заштита

Набрзо по апелот за постигнување на широк политички консензус за климатските промени, грчкиот премиер Мицотакис го основаше новото Министерство за климатска криза и цивилна заштита. На чело на ова министерство ќе биде Christos Stylianides. Со тоа, Грција за прв пат добива највисок орган на извршната власт кој ќе се занимава со планирањата во врска со климатските промени и решавање на последиците од истите. Ваквиот потег доаѓа после една од најлошите сезони на шумски пожари во историјата на замјата и извинувањето на премиерот поради тоа што реакцијата на надлежните не била на потребното ниво. Новопоставениот министер е професионалец од областа, кој порано бил на позицијата европски комесар за хуманитарна помош и управување со кризи. Кабинетот во Атина истакнува дека станува збор за можеби најспособниот европски политичар за оваа функција. Тој е од Кипар, но ќе му биде доделено грчко државјанство. Токму климатските промени се посочуваат меѓу причините за речиси 1300 пожари во месец август во Грција, при што островот Евија, Пелопонез и Атика беа најтешко погодени краеви. Грција ова лето забележа историски топлотен бран.

grcija1

grcija2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top