Насловна / Архитектура / Градинка која потсетува на типични цртежи на мали деца

Градинка која потсетува на типични цртежи на мали деца

Во Слудерн, Јужен Тирол, изградена е градинка, со малку поинаков концепт од оној на кој сме навикнати. Тука училиштата и градинките изгледаат како вистински „подароци“ на оние кои ги посетуваат. Ова е градинка, создадена во синергија со воспитувачите и вработените кои работат со деца.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Градинката во Слудерн, проектирана од архитектот Роланд Балди, служи за нови образовни програми, со флексибилни и мултифункционални простори. Зградата е проектирана да го изрази „разбирањето на душата на возрасните“, кои сè уште се во можност да го набљудуваат просторот со очите на децата кои некогаш биле.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Архитектурата предложена од Балди следи линии и форми за да се вклопи во локалниот контекст; истот така вклучува и просторија за проби за детскиот градски бенд. Пристапот до влезот во зградата е од платото, кое пак е дел од пешачката зона со цел да се зголеми врската со градот и да се одржи безбедноста на децата.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Градинкаата со кров со благ пад, едноставна фасада, големи прозорци, потсетува на типични цртежи на мали деца, еден вид клучен модел на куќа со кој децата можат да се однесуваат. Резултатот е волумен со чисти линии, чија контура всушност наликува на архетип на куќа.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Овој објект е планиран околу простран и светл хол, централно место каде што децата се собираат кога ќе пристигнат и каде што можат да се релаксираат и да играат, и од каде започнуваат нивните активности во другите простории. Оваа сала може целосно да се отвори како повеќенаменска просторија за организирање настани.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Во приземјето е сместена кујна и една од трите училници, која е свртена кон југ и гледа кон градината, каде што децата можат да играат, што станува врска со соседното основно училиште.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Дрвото – традиционален материјал во оваа долина на Јужен Тирол, близу Австрија и Швајцарија – доминира во многу аспекти на училиштето.

Дрвените рамки ги нагласуваат влезовите или ги истакнуваат прозорците, како пријатен контраст на белата фасада. Исто така, во ентериерот вратите и плафоните се  дрвени и мебелот е од полно дрво, и сè се вклопува во едноставна палета на бои, која се користи за разликување на различни делови од градинката. Во жолта, зелена и сина боја се деловите од орманите, плочките, рачките и теписите во училниците.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Исто така, архитектот многу се фокусирал на одржливоста. На кровот е засадено зеленило, со цел да се компензира просторот на зградата и да се подобри изолацијата. Градинка во Слудерн го добила и сертификатот од CasaClima.

„На градинката и дадовме иконографски облик на куќата, со цел да создадеме пријателска и позната средина за децата“, вели Балди.

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Roland Baldi, scuola materna in Alto Adige

Испрати коментар

Scroll To Top