Насловна / Вести / Град Скопје уреди нов зелен сквер во Аеродром

Град Скопје уреди нов зелен сквер во Аеродром

Зелената запуштена површина од две илјади метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром, Град Скопје целосно ја преуреди со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

skver

“Ова е новата зелена површина на којашто Градот Скопје работеше изминативе неколку месеци, станува збор за дел од проектот кој го работевме заедно со УНДП, а во кој беа вклучени луѓето коишто живеат во соседството и по основ на анкетите и нивните потреби го уредивме овој простор. Уредена е зелена површина од околу две илјади метри квадратни, ова е втората од четирите коишто ги почнавме есента. На овој простор во целост го обновивме зеленилото што беше запуштено, се сеќавате овде имаше стари трафики и не беа отстранети нивните темели и столбови. Засадивме 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250  се ниско стеблести садници“, вели Шилегов.

skver1

Патеките во скверот се облагородени со дрвени елементи. Исто така,  има и патеки кои се наменети за родители со колички за мали деца и лица со посебни потреби.

На скверот се поставени 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, корпи за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со лед осветлување.

skver2

Просторот е осмислен на начин што целосно ги следи потребите и желбите на граѓаните кои живеат во овој дел од Општина Аеродром, а особено е посветено внимание на тоа бетонските елементи да бидат сведени на минимум и зеленилото да биде распоредено да може да се формира раскошни крошни кои ќе обезбедат сенки за посетителите.

skver3

Еден коментар

  1. ing. arh. Lj. Atanasovski

    Ubav na izgled, no problematicen za upotreba i odrzuvanje. Verojatno preskap, so ogled na predolgata i losa organizacija na izvedba.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top