Насловна / Вести / Глобален пазар на батерии – Кина доминира, Европа бара решенија

Глобален пазар на батерии – Кина доминира, Европа бара решенија

Глобалниот пазар на батерии бележи забрзан развој во екот на наглиот раст на побарувачката и падот на цените. Според најновиот ивештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA), 2024 година претставува пресвртница во индустријата на батерии, бидејќи побарувачката за прв пат надминала 1 TWh. Истовремено, просечната цена на батериите за електричните возила забележала пад под прагот на исплатливоста во споредба со конвенционалните автомобили.

Кина моментално доминира со глобалниот пазар на батерии, произведувајќи повеќе од три четвртини од вкупната количина. Просечните цени на батериите во Кина во 2024 година паднале за 30%, што ги прави поефтини за над 30% во однос на Европа и 20% во однос на Северна Америка. Падот на цените во последните години резултирал да многу електрични возила во Кина сега се поефтини од конвенционалните модели. Големиот обем на производство и пружа предност на Кина на пазарот, при што Кина произвела над 70% од сите батерии за електрични возила било кога произведени. За разлика од Кина, европските производители се соочуваат со бројни предизвици. Трошоците на производство во просек се 50% повисоки отколку во Кина, а многу производители ги одложуваат или откажуваат плановите за поширување поради неизвесната профитабилност. Банкротот на шведската компанија Northvolt, најголемата европска инвестиција во домашното производство на батерии, укажува на потешкотии во конкуренцијата со азиските производители. Во САД, производните капацитети се удвоени од 2022 година, благодарение на даночните олеснувања, но домашното производство на компоненти за батерии и натаму заостанува. Сепак, и покрај доминацијата на Кина, производството на батерии брзо се шири ширум светот. Корејските и јапонските производители ќе продолжат да вложуваат во нови технологии, додека европските и американските компании ќе се обидуваат да ги намалат трошоците и да развијат сопствени капацитети.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top