На крајот на февруари 2025 година тимот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, предводен од професорите Влатко Шешов, Зоран Ракичевиќ, Јулијана Бојаџиева, Александра Богдановиќ и Кемал Едип, спроведе техничка мисија во Кахраманмара и Сакарја, Tурција.
Мисијата вклучуваше состаноци и потпишување на меморандум со Универзитетот Кахраманмараш и Универзитетот Сакарија, како и проценки на оштетените структури во Кахраманмараш и посети на обновените области погодени во земјотресот во Сакарја по 1999 година.
Оваа соработка ја зголеми размената на експертиза во земјотресоното инженерството и сеизмичката реконструкција помеѓу ИЗИИС, Универзитетот Сакарја и Универзитетот Кахраманмараш, истакнувајќи ја вредноста на меѓународните соработки.