Насловна / Вести / Германија: Трансформација на термоелектрана во најголем европски јазол за „зелена“ енергија

Германија: Трансформација на термоелектрана во најголем европски јазол за „зелена“ енергија

Компанијата LEAG (Lausitz Energie Kraftwerke AG), една од најголемите енергетски групации во Германија, планира трансформација на постоечкиот комплекс на термоелектрани и рудници на јаглен на истокот на земјата, во најголем европски јазол за „зелена“ енергија. Минатата година LEAG најавила дека проектот би требало да обезбеди дури 14GW капацитет за енергија од ветер и сонце до 2040 година, заедно со 3GW капацитет за складирање и 2GW за производство на зелен водород. Со тоа би се замениле термолекетраните на јаглен со капацитет од 8GW кои во моментот се оперативни во оваа област.  Една од клучните иновации во овој проект е најавената трансформација на рудници во систем за складирање на енергија. Имено, откако рудниците ќе се затворат за експолатација, компанијата планира да ја искористи постоечката инфраструктура за складирање на енергија од обновливи извори. LEAG исто така анализира и опции за инсталирање на пловечки фотонапонски централи, бидејќи одредени копови ќе бидат прекриени со вода кога ќе бидат затворени.  Во рударскиот појас на источна Германија се планира изградба на најголемиот батериски систем за складирање на енергија во државата, поточно на местото на постоечката термоцентрала на јаглен Боксберг, на границата со Полска.

Potentialkarte_komplett_Revier2.0_hoch

kraftwerke2

 

Германија има законски рок за напуштање на јагленот до 2038 година, но владејачката коалиција се залага за пократок рок, односно до 2030 година. Владата сеуште преговара за ова со операторите на термоелектраните на јаглен. Минатат година државата се договори за напуштањето на јагленот со најголемата германска електроенергетска компанија RWE AG. Овој договор подразбира исклуччување на две термоелектрани на јаглен со вкупна инсталирана моќност од 3GW до крајот на 2030 година, но во исто време допуштена е работата на други две термоелектрани со вкупна инсталирана моќност од 1,2GW, за кои првично било предвидено исклучување во 2022 година, да продолжат со работа до март 2024 година.

kraftwerk3

Испрати коментар

Scroll To Top