Насловна / Вести / Германија: Со заеднички сили до 1GW ветерен парк на море

Германија: Со заеднички сили до 1GW ветерен парк на море

Германската енергетска компанија RWE и тамошната банка Commerzbank се здружуваат во изградба на ветерен парк на море (офшор), со инсталирана моќност од приближно 1 GW. Според нивниот меморандум за разбирање, тие планираат да создадат „зелен“ фонд со цел на средните и големите компании во Германија, да им овозможи пристап до електрична енергија која ја произведуваат ветерните електрани. Новиот фонд ќе им пружи на компаниите прилика да обезбедат зелена електрична енергија преку долгорочни договори за купување на електрична енергија.

commerzbank1

Компаниите можат директно да учествуваат во градбата на офшор ветерните електрани со сопственички капитал, или пак да обезбедат долгорочна зелена електрична енергија благодарение на купопродажен договор. Според очекувањата, аукциите за офшор ветроенергетски проекти се одржуваат во 2023 година. RWE планира да има удел од 51% во новата ветерна електрана, а останатите 49% на заинтересираните компании ќе им ги понуди Commerzbank. RWE ќе го развива, гради и ќе управува со овој ветерен парк.

commerzbank2

Испрати коментар

Scroll To Top