Насловна / Вести / Германија со нов закон ќе ја интензивира изградбата на ветерни паркови на копно

Германија со нов закон ќе ја интензивира изградбата на ветерни паркови на копно

Германската влада има намера да ги суспендира правилата за минимална оддалеченост на ветерните турбини од населбите, со цел да ја интензивира изградбата на ветерните паркови на копно. Со Нацрт законот, владата планира да ја измени регулативата за планирање, изградба и еколошките ограничувања, со цел за изградбата на ветерните паркови на копно да бидат наменети околу 2% од вкупната територија на државата. Тоа е речиси двојоно повеќе од површината на земјиштето која е сега резервирана за изградба на ветерни електрани. Правилата за минимална оддалеченост од населените места, кои самостојно ги носат германските покраини, би можеле и натаму да останат на сила, под услов тие покраини да ја исполнат квотата со која треба да придонесат во зацртаните национални цели во производството на електрична енергија од ветерот.

windpark3

Нацрт законот ќе се упати во парламентарна процедура, со цел да биде усвоен пред летната парламентарна пауза. Таквата забрзана измена на постоечките закони, германската влада ја правда со потребата од достигнување на превземените климатски цели, но и со потребата за гарантирање на енергетската безбедност. Во нацртот се истакнува дека новиот „закон за ветерни паркови на копно“, треба драстично да го забрза развојот на овој вид обновлива енергија и да ги отстрани сите законски препреки кои досега беа кочница за поинтензивен развој на оваа технологија. Во моментот Баварија има најстроги правила во однос на оддалечноста на ветерните турбини од населените места.

windpark4

Доколку согласно предложениот закон, се постигне целта од 2% од територијата ан Германија под ветерни паркови, тоа одговара на капацитет од 165GW. Таа цел е планирана за 2032 година. Доколку биде усвоен, законот треба да стапи на сила од 1-ви јануари 2023 година.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top