Насловна / Вести / Анкета: На Европјаните им е важна енергетската независност

Анкета: На Европјаните им е важна енергетската независност

Сериозно мнозинство од граѓаните на Европската унија ја поддржува заедничката безбедносна и одбрамбена политика. Покрај тоа, кога станува збор за енергетската независност. посебното истражување на Eurobarometеr, број 526 под името „Главните предизвици на нашето време: ЕУ во 2022“, Европјаните очекуваат дека ЕУ постепено ќе се ослободи од зависноста од руските енергенти. Тоа истражување е спроведено во периодот од 19-ти април до 16-ти мај 2022 година, Вкупно се анкетирани 26.578 граѓани во 27-те земји членки.

keychallanges1

keychallanges2

Попрецизно, граѓаните на ЕУ сметаат дека одбраната и безбедноста се приоритет (34%), додека енергетската ензависност во снабдувањето со енергија е веднаш потоа според значењето (26%). Истражувањето покажало и голема поддршка за целите од планот RePowerEU. Имено, 87% од испитаниците сметаат дека Унијата многу порано требало да ја намали зависноста од руските извори на енергија. 86% од граѓаните сметаат дека намалувањето на увозот на нафта и гас, како и инвестирањето во обновливи извори е важно за општата сигурност. Иако 49% од испитаниците стравуваат дека борбата против климатските промени би можела да му наштети на стопанството, сепак 83% сметаат дека тоа би ја намалило еколошката штета во иднината.

keychallanges3

 

Испрати коментар

Scroll To Top