Насловна / Вести / Германија развива мрежа за транспорт на водород од 11.200 километри

Германија развива мрежа за транспорт на водород од 11.200 километри

Група оператори на гасната мрежа во Германија, ги претстави плановите за завршување на изградбата на главната транспортна мрежа за водород до 2032 година, иако владата покажала слаб интерес за финансирање. Владата проценува дека до 2030 година, побарувачката на водород во производството на челик и во хемиските процеси ќе се удвои. Со користење на електрична енергија од обновливи извори, т.н „зелен“ водород е еколошки прифатлив и одржлива алтернатива на фосилните горива. Во Германија засега нема многу „зелен“ водород, но тој се повеќе добива на популарност. Но, како тој да се обезбеди и како да се транспортира е сериозен предизвик.

wasserstof3

Според планот кој го претставиле германските оператори на гасната мрежа, голем дел од водородот би можел да се увезе од Холандија и Норвешка, додека северот на Германија кој е богат со енергија од обновливи извори, ќе може да произведува „зелен“ водород. Првата фаза е планирање на јадрото на водородната мрежа. Притоа, планирано е да се употреби околу 60% од постоечката гасна инфраструктура. Сепак, заокружувањето на правната регулатива која ќе ги дефинира моделите на финасирање останува еден од главните предизвици.

wasserstof4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top