Насловна / Вести / Германија подготвува закон за декарбонизација на греењето

Германија подготвува закон за декарбонизација на греењето

Германија подготвува закон за инсталациите за греење во домаќинствата, со кој од 2024 година најмалку 65% од енергијата за греење ќе мора да доаѓа од обновливи извори, што во суштина значи забрана за системите за греење на фосилни горива. Оваа идеја на владата предизвика остра полемика во јавноста бидејќи гасот и екстра лесното масло доминантни извори на енергија. Имено, статистиката вели дека тоа е случај во три од четири домаќинства во земјата. Но, очигледно е дека многумина инсталираат или планираат да инсталираат нови  системи за греење на фосилни горива, пред забраната да стапи на сила. Податоците велат дека во 2022 година системи ан гас се инсталирани во 600.000 домови, наспроти 260.000 топлински пумпи и 70.000 приклучоци на далечинско греење – што покрај биомасата три главни алтернативи за фосилни горива.

habeck1

Но, вицепремиерот и министер за економија и климатска акција Habeck, порачува дека тоа не е добра идеја. Според неговите зборови, топлинската пумпа се исплати за 18 години, а наскоро овој рок ќе се скрати. Во прилог на ова свое тврдење тој вели дека цените на екстра лесното масло и гасот постојано ќе се покачуваат од 2027 година натаму, како резултат на оданочувањето на емисиите во склоп на Системот за тргување со емисии на ЕУ. Со цел да им помогне на граѓаните во оваа транзиција, Германија планира субвенции за топлински пумпи и други олеснувања. На постарите од 80 години, а во одредени ситуации и на други возразни категории ќе им биде овозможено и после 2024 година да инсталираат системи на фосилни горива, а ќе бидат одобрувани и транзициски периоди за премин на зелена енергија.

Vaillant

 

Испрати коментар

Scroll To Top