Насловна / Вести / Германија донесе стратегија за водород

Германија донесе стратегија за водород

Германската влада ја усвои долгорочната стратегија за зголемување на производството и употребата на водород заради намалување на загадувањето на воздухот со продуктите на согорување од фосилните горива кои предизвикуваат климатски промени. Во Германија, водородот засега се произведува речиси исклучиво со електролиза, односно со корситење на електрична енергија вклучително и од фосилно потекло. Владата сака да го поттикне производството на водорород со користење на електрична енергија од обновливи извори. За оваа цел, ќе бидат инвестирани девет милијарди евра за зголемување на производството и употребата на водород, вклучувајќи две милијарди евра за проекти во Мароко и во други земји во развој. На тој начин до 2030 година во Германија ќе се изградат капацитети за производство на водорот со моќност до 5GW. Германската лоби група BDI ја поздави оваа владина одлука. „Само со водород по конкурентни цени може до 2050 година да се постигне климатската неутралност на земјата“ изјавиле од BDI. Министерот за транспорт рекол дека широката употреба на моторите на водород во автобусите и камионите, би била неопходна за намалување на загадувањето на воздухот. Канцеларката Меркел, истакнала дека водородот е иднината нa Германија, и дека одлучно ќе се работи на неговото користење.

Веќе до крајот на оваа година, Германија ќе има 100 станици за снабдување на возилата со водород, а во наредните години ќе додава по 10-15 нови, со што ќе има најголема ваква мрежа во Европа. Стратегии за водород имаат и Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Австралија, Норвешка и Холандија.

hydrogen2

hydrogen3

hydrogen4

Испрати коментар

Scroll To Top