Насловна / Вести / Tesla S е првиот електричен автомобил кој има домет од над 400 милји

Tesla S е првиот електричен автомобил кој има домет од над 400 милји

Компанијата Tesla направи добра надградба на својот модел Tesla S, со што му овозможи да има домет од 402 милји (647километри) со едно полнење. Илон Маск и претходно годинава уверуваше дека овој модел веќе има достигнато домет од 400 милји и рече дека EPA направила грешка при тестирањето на новиот модел Model S Long Range Plus. Но, минатата недела EPA повторното тестирање потврди дека S Long Range Plus електричното возило достигнало домет од 402 милји, што е подобрување од 20% споредено со Model S 100D кој има ист дизајн на батеријата. Со ова е демонстрирана посветеноста кон енергетската ефикасност. Тимот на Tesla изјавил дека “неколку промени во суштинскиот хардвер и архитектурата на системот развиени од страна на тимовите за проектирање, дизајн и производство, овозможиле подолг и поефикасен домет“. Овие промени меѓу останатото вклучуваат: значително намалување на масата, нови пневматици, максимизирање на регенеративното сопирање и континуирано инвестирање во суперполнење.

teslas1

teslas2

teslas3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top