Насловна / Вести / Германија: Деноноќно обезбедување на терминалот за ТНГ во изградба

Германија: Деноноќно обезбедување на терминалот за ТНГ во изградба

Првиот германски пловечки терминал за течен природен гас (ТПГ) кој во моментот се гради во Вилхелмсхавен на брегот на Северно море, деноноќно го чува полиција. Ваквата одлука е донесена по неодамнешната наводна саботажа на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во Балтичкото море, се истакнува во извештајот објавен минатата недела во списанието Spiegel.

лнгунипер1

Градилиштето на терминалот за ТНГ веќе било под редовен надзор, но не деноноќно, иако било чувано и од копно и од море, во соработка со поморската полиција.  Исто така, под посебен надзор е и 26 километри долгиот гасовод до складиштето. Изградбата на овој значаен инфраструктурен проект на германската енергетска компанија Uniper, започна во јули годинава, а планирано е да биде оперативен веќе во средина на претстојнава зима.

лнгунипер2

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top