Насловна / Арт и дизајн / Георги Курасов: Уметник со впечатлива индивидуалност

Георги Курасов: Уметник со впечатлива индивидуалност

Георги Курасов е роден во 1958 година во СССР, во тогашен Ленинград. Тој сè уште живее и твори во истиот град, денес Санкт Петербург, Русија, каде уште од детството цртал загледан низ прозорецот во руската зима.  Детството го поминал во петроградскиот дел, на северната страна на градот, во мал стан со прозорци што гледале кон мало дворче. Се сеќава дека ги моделирал работите во пластелин и цртал седнат на широкиот парапет на дрвениот прозорец. На 13-годишна возраст мајка му го запишала во Уметничка школа при Академијата на уметности во Санкт Петербург. На разговорот при уписот, професорите љубезно им објасниле дека  Курасов нема што да бара на Одделот за сликарство, бидејќи сметале дека немал чувство за боја, па така им предложиле да се запише на курс за вајарство.

9_resize

На извесен начин бил задоволен од предлогот, бидејќи сите слики кои професорите му ги покажале му се чинеле ужасно досадни, а Георги многу го интересирала формата. Во 1977 година се запишува на Уметничката академија во Санкт Петербург, отсек вајарство каде поминува шест години во огромното ателје на зградата подигната од Катерина Велика, кон крајот на 18 век.

pred_zagrevanje_resize

„Пред загревање“

Овие години биле години на неговото формирање и години кога создал долготрајни врски и пријатели со кои и денес интензивно се дружи. Тогаш ја запознал и својата сопруга Зина, која подоцна го зазема речиси целиот негов простор, физички во животот и творечки во неговите дела, таа е модел за неговите грациозни дами. Веднаш по дипломирањето отишол на отслужување на воен рок, но бидејќи веќе бил дипломиран уметник, бил поставен за „дворски“ уметник на својот генерал.

На неговата веб-страница има еден интересен податок: „Американците го гледаат Георги Курасов како руски уметник, Русите како американски уметник. Сликарите мислат дека тој е скулптор. Скулпторите се сигурни дека тој е сликар“. Ова е точно, бидејќи тој преку своите слики изразува многу форми.

tanc_resize

„Танго“

Курасов е уметник на впечатлива индивидуалност која се гледа како во неговите модели, така и во неговиот стил на сликање. Откако еднаш ќе се запознаете со неговата уметност, нема потреба да бидете експерт или посебен познавач за да ги препознаете останатите негови дела. Ваква препознатливост отсекогаш била знак на неизмерна вештина, а тоа денес е уште повеќе, бидејќи во последните стотина години на бескрајно експериментирање и сите замисливи иновации во сферата на сликаната форма, понекогаш се чини дека сè е веќе испробано,  исцрпено и потрошено.

ljubov_resize

„Мајсторот и Маргарита“

sonot_resize

„Сон“

Во текот на последната деценија или две, историчарите на уметност велат дека се забележува обновување на интересот за слики кај колекционерите и кустосите, кој претходно бил намален. Велат дека имало долг период во уметноста во кој се негирал континуитетот и се презирала обуката и сликарската вештина, а тоа не може, а да не остави свој белег. Професионализмот и вештината, критериумите што некогаш беа толку јасни и дефинирани во ликовната уметност – денес се концепти кои станаа крајно нејасни. Веќе не постои јасна граници помеѓу тоа што е вистинска уметност, а што е тоа што се обидува да биде уметност. Современото сликарство е заразено со вирусот на аматеризам, па дури и талентирани уметници ретко покажуваат владеење со најосновните вештини кои ја формирале основата на уметноста на секој голем сликар низ вековите. Сликари сакаат да бидат многумнина, но малкумина поседуваат умеење, техники и вештини, особено цртачки.  Исклучоци од ова правило се исклучително малку. Сликарот Георги Курасов е несомнено еден таков исклучок. Тој слика со вештина која јасно се гледа во неговите дела. Длабочината на неговото познавање и разбирање на сликарството на сите периоди низ вековите, беспрекорното совршенство на неговата рака и острото око, на неговите уметнички експерименти им даваат посебна тежина и убедливост.

tango_jazz_resize

„Џез танц“

balans_resize

„Баланс“

Пронаоѓањето на свеж и независен пристап денес, изгледа речиси невозможно. Меѓутоа, Курасов го направил невозможното, за што можеби најдобро сведочи тешкотијата со која експертите се соочуваа за да го класифицираат неговиот стил, да го поистоветат со кој било познат сликарски тренд. Распонот на реминисценции од кои настануваат неговите дела е широк, опфаќајќи од византиски мозаици и раноренесансни слики до Густав Климт и Тамара де Лемпицка. Но вакви паралели се валидни само во поглед на поедини елементи во неговиот сликарски јазик, понатамошни сличности нема. Ако се испитува сложената геометриска структура на неговите композиции, се забележува дека таа потсетува на конструктивизам, па на кубизам, но повнимателното гледање веднаш открива дека има многу повеќе контрастни карактеристики од допирни точки.

sudenje_na_vesterkata_resize

„Судење на вештерката“

Fra_Savonarola_resize

Делото на Курасов е завиткано во уметничка историска наметка што внесува необична интелигенција во суптилниот наратив на неговите слики. Тој претпазливо ги меша своите композиции со јасно изразени елементи од минатото. Внимателниот преглед на неговиот стил и ексцентричните компоненти го оставаат набљудувачот задоволен, бидејќи добил најдобро од хибридната сликарска енергија базирана на историјата на уметност, а потоа вешто апстрахирана во самонаметната рестриктивна геометриска мрежа во која ги става своите мотиви.

siluvanjeto_na_Evropa_resize

„Силувањето на Европа“

Во сликите на Курасов врската со уметничката традиција не се манифестира едноставно во ропското следење на одредени модели или во стилизацијата на одредени историски форми. Таа врска е подлабока. Тоа е прашање на принцип. Самите теми на неговото сликарство се чини дека формираат демонстративен гест. Во најголем дел, уметникот ги црпи своите теми од арсеналот на старите мајстори, свртувајќи се кон Библијата и класичната митологија, сликајќи актови, фигури во ентериер, сцени од танцување, флертување, наздравување. И покрај традиционалната иконографија во делата на Курасов, предметите и телата се неочекувано современи.

Без оглед на темата која ја обработува, кој експеримент ќе го привлече, централниот мотив на уметноста на Курасов, фокусот на неговиот интерес и неговите уметнички истражувања, останува човечката фигура.

biznis_branc_resize

„Бизнис појадок“

stjuardesa_resize

„Стјуардеса“

Композициите и ликовите на Курасов, хировито стилизирани и скршени, испреплетени во геометриска ткаенина, сепак секогаш ја задржуваат својата неверојатна анатомска вистина. Секоја фигура што ќе ја нацрта, се чини дека станува исклучително пластична, која непогрешливо се вметнува во просторот со голема леснотија и елеганција; колку и далеку уметникот да отишол во својата изразена деформација на пози и движења, гледачот никогаш не престанува да чувствува дека тие се апсолутно природни, да ја почувствуваат нивната живописна грациозност, анимација, нивната сензуална привлечност.

astrolog_resize

„Астролог“

На неговите сликарски платна има нешто, речиси незабележително, високотехнолошки во логиката на неговата композиција, во јасноста, прецизноста и суровоста на неговите линии, во неговите блескави бои, во рамномерниот сјај на светлината, во минималистичките ентериери. Нешто што говори – независно од темата – за ритамот и естетиката на животот во модерните мегалополиси со својот вртлог на незапирливо движење.

Сепак неговиот главен мотив се жени, убави, дури и сензуални жени. Но има елеганција во жените кои тој ги слика. И ова е главната разлика помеѓу секси и сензуално. Начинот на кој слика е единствен и никој не може да каже дека е тоа движење или стил, но затоа е прекрасно, тоа се вистински слики за уживање.

3_resize

„Пикова кралица“

5_resize

„191“

bibliska_prikazna_resize

„Библиска приказна“

6_resize

„Есен“

17_resize

„Шахисти“

14_resize

„Ранета Амазонка“

15_resize

„Враќање“

8_resize

„Танцот на Салома“

0_resize

„На плажа“

01_resize

„Огледало“

 

Испрати коментар

Scroll To Top