Насловна / Вести / WIIW e за побрза интеграција на Западен Балкан на европскиот пазар

WIIW e за побрза интеграција на Западен Балкан на европскиот пазар

Експертот од Виенскиот економски институт (WIIW), Richard Grieveson препорачува брза интеграција на земјите на Западен Балкан на пазарот на Европската унија, и подобар пристап до европските фондови. Стратегијата на ублажување на несогласувањата помеѓу земјите од Западен Балкан преку посилна економска соработка во рамките на регионот според него е неуспешна, па тој препорачува промена на стратегијата, со акцент на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Заедно со Фондацијата Бертелсман, WIIW го анализирал напредокот на земјите од регионот во изминатите 20 години и дошол до заклучок дека станува збор за „две изгубени децении за регионот“.  Во изминатите две децении, постигнат е напредок во економската интеграција на западнобалканските земји помеѓу себе, но не подеднакво за сите земји, вели Grieveson. Тој укажува дека економската моќ на шесте земји од Западен Балкан одговара на онаа на Словачка, што е помалку од еден процент од економскиот придонес на ЕУ пред излегувањето на Велика Британија, а денес тоа е нешто над еден процент.

wiiw2

Понатамошното инсистирање на регионална интеграција, би бил потфат без изгледи за успех, верува Grieveson, додавајќи дека би било подобро да се забрза пристапниот процес и покрај актуелните политички проблеми. „Нашата препорака не е овие земји веднаш да се примат во ЕУ, туку посилно да се вклучат во пазарот на Унијата. Не станува збор за полноправно членство, туку за подбар пристап кон пазарот и ЕУ фондовите“, објаснува Grieveson. Тој смета дека оние кои вршат нето уплати во буџетот на ЕУ, не би почувствувале голем товар, а земјите од Западен Балкан би имале голем ефект. „Иако одредени земји се сеуште многу далеку од пристап во ЕУ, важно е да се пронајде меѓурешение. Вака како што е сега, нештата не функционираат“, уверен е Grieveson. Смета дека целта на Европската комисија за членство на Србија и Црна Гора до 2025 година не е реален, но можно е да се замисли пристапот на Македонија и можеби Црна Гора во наредните 10 години.

wiiw2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top