Старите ниски покриви на скромните куќи ширум светот не се само прашање на архитектурата и стилот на едно минато време, туку и изненадувачки ефикасно решение за зачувување на топлината, покажува истражувањето на научници од Универзитетот Дјук и Меѓународниот Универзитет Флорида.


Имено, како дел од истражувањето анализирани се едноличните плитки покриви во италијанскиот град Бенeвенто. Притоа, испитувани се математички равенки со кои се моделирало движењето на воздухот во поткровјето. Резултатите ја потврдиле претпоставката: висината и широчината на покривот влијаат на тоа дали воздухот ќе се движи мирно, задржувајќи ја топлината, или ќе има турбуленција и ќе има ефект на ладење. Како што е објаснето во истражувањето, за најдобро зачувување на топлината важно е колку е покривот висок во однос на својата широчина. Поточно, кога врвот на покривот е понизок (≈ дo 1 m), воздухот се движи мирно, рамномерно и создава „џеб“ кој добро ја задржува топлината. Кога врвот е повисок од оваа вредност, воздухот се движи турбулентно и ја поттикнува размената на топлина со околината. Затоа, за низок врв, најдобри се плитки, широки покриви – за минимални загуби на топлина идеално е покривот да биде три до четири пати поширок отколку што е висок; додека за повисок врв енергетски најдобро решение е покрив со облик на приближно исти височина и и широчина. Иако денешната градба се разбира е многу пософистицирана, сепак историјата на архитектурата постетува дека самата геометрија може да влијае на потрошувачката на енергија.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија