Насловна / Вести / Газпром ќе ја кредитира изградбата на Турски тек

Газпром ќе ја кредитира изградбата на Турски тек

Руската гасна компанија Газпром, ќе и позајми 2,14 милијарди евра на својата подружница South Stream transport, која е надзор во изведбата на подводниот дел на гасоводот Тусрски тек. Кредитот ќе биде користен како обртен капитал и одобрен е со годишна камата од 3,98%. Рокот на доспевање е 30 декември 2023 година.

Гасоводот Турски тек ќе има две линии, со годишен капацитет за пренос на 15,75 милијарди кубни метри природен гас. Првиот крак, кој веќе е завршен, ќе биде користен за потребите на турскиот пазар, додека вториот крак ќе ги поврзува Турција и Европа. Бугарските официјални лица објавија дека Бугарија ќе биде влезната точка на европскиот дел од гасоводот.

turkish stream 1

Испрати коментар

Scroll To Top