Насловна / Вести / Нова афера во автомобилскта индустрија: Колку навистина чинат резервните делови?

Нова афера во автомобилскта индустрија: Колку навистина чинат резервните делови?

Благодарение на софистициран софтвер за следење и одредување на цените на резервните делови, автомобилските гиганти само во последната деценија ги зголемиле своите приходи за 1,5 милијарда евра.

Имено, според документите до кои дошол францускиот портал Mediaprt, агенцијата Reuters и Европската мрежа за истражувачки новинари, софтверот на компанијата Accenture под името Partneo, им овозможува на производителите да идентификуваат за кои резервни делови купувачите би платиле повеќе, за колку тие цени треба да се зголемат, но и кои делови не би требало да имаат повисоки цени бидејќи се под следење од трети страни, како на пример регулаторни тела или осигурителни компании. Софтверот наводно се користи од страна наRenault, Jaguar и групацијата PSA. Софтверот пред неколку години е претставен и на Honda, Mitsubishi, Volvo и BMW. Во презентацијата за шест потенцијални клиенти, вклучувајќи ги Honda и Volvo, компанијата Accenture препорачала двојно зголемување на цените на поголем број делови. Од Accenture истакнуваат дека се работи за софтвер кој не е нефер кон сопствениците на возилата, туку дека фокусот е ставен на ефикасноста на работењето на нивниот клиент.

logicielle 2

logicielle 3

Испрати коментар

Scroll To Top