Насловна / Вести / Беспрекорност и моќ

Беспрекорност и моќ

Уште во минатото се покажало дека кралските семејства воделе грижа за уредувањето и одржувањето на нивните градини. Нивните градини, најчесто се изработени во геометриски стил, ја прикажуваат својата беспрекорност и моќ.

highgrove_resize

Низ годините се покажало дека и покрај нивната позиција членовите на кралските лози се големи љубители на градинарството, па така и принцот Чарлс за кој се смета дека е страствен љубител на градините не се плаши да ги извалка рацете, честопати придонесувајќи во работата во градината од неговиот дом. Во продолжение неколку зборови за некои од најубавите кралски градини.

queens garden_resize

Градината на принцот Чарлс во Хајгрув

Ова е една од најголемите градини со површина од околу 15 хектари, во  која се среќаваат диви градини, формална градина и отворена кујна која ги одразува интересите на принцот Чарлс во органски и одржливи принципи на производство на храна.. Во оваа градина има голем број видови дрвја меѓу кои и националната колекција на букови дрвја и други листопадни видови, како и дива цветна ливада со повеќе од 30 видови локални растенија.

queens garden2_resize

Гигантските камени садови од земјите како што се Јордан, Јужна Африка и Италија – коишто најчесто му се даваат на принцот како подароци – служат како домови за голем број на цвеќиња, додека бистите на Чарлс, исто така подароци, ја красат оградата во градината во близина на Хајгров дом, изградена во 1796 година. Градината изобилува со делфинииуми, омилени цветови на Чарлс, како и голем број перени и сезонски цвеќиња, вклучувајќи лилјани, рози и хортензии.

SandringhamGardens_resize

Градината на кралицата –  Бакингамската палата

Градината во Бакингамската палата, официјално лондонска престолнина и работен штаб на британскиот монарх, е оаза од 39 акри сместена во средината на градот и воедно најголема приватна градина. Уште се нарекува и градина на кралицата. Таму е местото каде што кралицата Елизабета II ги одржува своите летни прослави. Централната карактеристика на градината е езеро кое датира од 19 век. Тука се вклучени зимскиот летен дом, розариумот и еден од најголемите градинарски орнаменти во Велика Британија – Ватерло вазна од 15 метри издлабена од едно парче мермер кое тежи околу 20 тони. За одржувањето на градината се грижат осум редовни градинари. Најчести видови кои се среќаваат во оваа градина се индиски костен, сребрен јавор, мочуришен чемпрес итн.

highgrove1_resize

Градините Сандрингем

Имотот Сандрингем е приватна сопственост на кралицата и се наоѓа на 20.000 хектари земјиште во близина на селото Сандрингем во Норфолк. Овие градини се сметаат за едни од најдобрите од сите кралски градини и со мирни шумски прошетки се доаѓа до драматични каменести градини. Од растителните видови има голем број на рододендрони, азалеи, лаванди и рози. Во оваа градина има и формална градина, летувалиште над езерото со голем број каскадни потоци, голем број видови на даб и комеморативни дрвја. Секое кралско семејство кое живее тука низ генерациите додава нешто свое за да остави печат на градината.

highgroove_resize

highgrove_resize

The gardens, Sandringham, Norfolk, England, UK

DCF 1.0

highgrove3_resize

queens garden3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top