Насловна / Архитектура / Футуристички здравствен центар во Дубаи

Футуристички здравствен центар во Дубаи

Kalbod Studio проектирале футуристички медицински центар сместен во дубаи. Станува збор за пловечки комплекс кој ги спојува најсовремените технологии со принципите на одржливоста, и ги прилагодува на социјалните и географските услови на локацијата. Овој остров се вика Dubai Healthcare City и поделен е на пет слоеви. Има свој подводен транспортен систем, а покрај објектите во кои се лекуваат пациентите, предвидени се и делови за едукација и истражување. Комплексот има облик на полумесечина, геометрија на култниот Бурџ ал Араб и верски елементи.

dubaihealthcare1

dubaihealthcare2

 

Покрај моношинскиот подводен транспорт и електричните автомобили, островот е ставен на располагање на пешаците. Комплексот има три зони. Во центарот се облакодерите со милион квадратни метри површина. Основата ја сочинуваат центрите за едукација, а делот во облик на полумесечина е предвиден за изложби, истражувања, научно – технолошки парк и библиотека. Потоа следуваат 14 кули во кои се сместени болниците, како и 24 хотели сместени симетрично на двата краја на островот. Сите објекти имаат тераси со изобилство од вегетација, а зградите се поврзани помеѓу себе со висечки патеки со зеленило кои овозможуваат прошетка долж островот на повеќе нивоа и прекрасен поглед на Дубаи и Персискиот залив.

dubaihealthcare3

dubaihealthcare4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top