Насловна / Вести / Фотонапонски панели на железничките пруги?

Фотонапонски панели на железничките пруги?

Швајцарскиот стартап Sun-Ways, направил фотонапонски панели кои се поставуваат долж железничките шини и можат да се демонтираат по потреба. Компанијата проценува дека овој систем би можел да се примени на половина од железничките пруги во светот. Од компанијата истакнуваат дека нивното поставување помеѓу шините не го попречува движењето на возовите, ниту пак го наружуваат пејсажот. Панелите с ешироки еден метар, а се монтираат со помош на воз на швајцарската компанија одговорна за одржување на пругите. Најпросто кажано, тие с епоставуваат по принципот на тепих кој се одмотува.

sunways2

Постојат и други компании кои тестираат поставување на фотонапонски панели на железничките пруги, но системот на компанијата Sun-Ways е првиот кој може да се демонтира при активности на одржување на шините. Sun-Ways го има патентирано овој систем во соработка со Швајцарскиот федерален технолошки иститут во Лозана (EPFL). Вака произведената енергија ќе се испорачува во дистрибутивната мрежа, бидејќи нејзиното користење за потребите на железницата бара поинаква технологија.

sunways1

Секако, потребно е да се направат уште многу анализи на овој систем. Се поставува прашањето дали рефлектирањето на светлината би можело да им пречи на мапиновозачите, дали со текот на времето би се создале пукнатини кај панелите, и дали можеби тие би влијаеле врз зголемување ан ризиците од шумски пожари? На ваквите прашања, Sun-Ways одговара дека нивните панели се поотпорни од стандардните, но секако дека сите можни нагативни влијанија на околината ќе бидат детално испитани. Според нивните проценки, фотонапонските панели би можеле да се постават на сите пруги во Швајцарија, заземајќи површина како 760 фудбалски терени. Тие би произведеувале 1TWh електрична енергија годишно, што преставува околу 2% од вкупната потрошувачка во Швајцарија.  

 

Испрати коментар

Scroll To Top