Насловна / Архитектура / Foster + Partners, Dolunay villa на турскиот егејски брег

Foster + Partners, Dolunay villa на турскиот егејски брег

Резиденцијата Dolunay villa се наоѓа покрај брегот на Егејското море во турската југозападна провинција Muğla. Новата приватна вила, проект на архитектонското биро Foster + Partners, внимателно е поставена сред природен амбиент со приоритет на спектакуларните погледи на морето.

1_resize

Проектот ги користи природните контури на локацијата за да создаде ниска зграда, кон која кога се приоѓа изгледа како објектот да е еднокатен. Куќата е вклопена во прекрасната медитеранска градина, исполнета со миризливи растенија, како мајчина душица и лаванда, сезонски растенија и зрели маслинови дрвја.

9_resize

Главниот влез ве носи директно во срцето на вилата со приватните семејни простори кон источната страна, ориентирани да одговорат на контурите на локацијата и јавните, заеднички простории, дневниот боравок и трпезаријата на запад, со исклучителен поглед на зајдисонцето над Егејот.

20_resize

Патувањето низ вилата е од „непроѕирно до отворено“, како одраз на различните нивоа на приватност, а проектот има за цел да ги замагли границите помеѓу домувањето внатре и надвор, со големите стаклени врати долж фасадат,а кои овозможуваат целосен проток помеѓу внатрешните и надворешните простори.

5_resize

Куќата ја карактеризира рачно изработен, дрвен кров, проектиран во соработка со швајцарската фирма Blumer Lehmann. Монтажната и прецизно изработена конструкција, содржи значително помалку јаглерод од типичен бетонски покрив. Дабови греди се потпираат на челични столбови, подупирајќи големи, седум ипол метарски конзоли, со што се добива голем простор на отворено под сенка и сенка на дворот одзади.

3_resize

Централните скали кои ги поврзуваат двете нивоа, направени се од цврст португалски камен варовник, носени од затегнати кабли, кои поминуваат низ каменот, без други видливи потпори, зачувувајќи ја чистотата на скалите и нудејќи чувство на леснотија. Балустрадите се направени од тенки стаклени цевки со дрвени ракохвати, фино обликувани.

10_resize 6_resize

Одразувајќи го високото нивоа на занаетчиска изработка во дизајнот, секој елемент е дизајниран да одговори на специфичните барања на клиентот – од рачно резбани врати од полно дрво до изработка на керамичките плочки и мијалниците во бањите.

14_resize

Во склоп на вилата сместен е и помал павилјон за зајдисонце, поблиску до брегот, кој е направен со ѕидови од природен камен, блиску до маслинки со дрвени столици и стреи од бамбус.

12_resize

Архитектите се инспирирана од непосредното опкружување на вилата, па така во ентериерот се користи природна палета на материјали, која се состои од камен, дрво и бронза, а се одликува со различни тонови на топло кафеави и сиви бои, кои можат да се видат и низ карпестата околина и песочните плажи на локацијата. Изборот на мебел од даб и кожа нуди опуштено, елегантно чувство во оваа куќа за одмор.

4_resize 13_resize 11_resize 15_resize 16_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top