Насловна / Архитектура / Простор за истражување инспириран од природата

Простор за истражување инспириран од природата

„Naturkraft“ или „Nature Power“, проект чија цел е да се демонстрира важноста на управувањето со животната средина, неодамна беше завршен и е отворен за јавноста. Тоа е јавен простор што ја става природата во преден план. Овој „истражувачки“ простор зафаќа површина од 20 хектари. Сместен е во Рингкобинг, крајбрежен град во западниот дел на Данска. Проектот го завршија Thøgersen & Stouby и SLA со буџет од над 45 милиони долари.

prostor

Просторот за истражување вклучува три поврзани единици. Секоја од овие единици е всушност зона дефинирана со одредена тема. Првиот се однесува на „набудување“ и е опкружен со прстен долг 600 метри кој се издига до висина од 12 метри од каде има поглед на Ringkobing Fjord и околниот низински предел.

prostor1

Втората зона се карактеризира со „учество“. Оваа единица вклучува затворен природен парк и авантуристички парк со различни видови поставувања. Во рамките на тоа се наоѓаат „пресечени“ живеалишта долги 17 километри. Постојат осум специјално дизајнирани типологии на природата, од песочни дини до мочуришта и шуми. Фокусот на третата зона наречена „разбирање“ е на изложби и поставувања кои „комуницираат“ со луѓето и им ја пренесуваат важноста на природата. Зградата со проѕирна фасада што личи на шатор од 5.500 квадратни метри се наоѓа на највисоката точка на прстенестиот ѕид.

prostor2

Стиг Л. Андерсон од фирмата СЛА вели дека проектот „Naturkraft“ покажува како природните процеси можат да ги обликуваат нашите идни градови и заедници и дека природата ни овозможува да живееме добри и значајни животи, затоа треба да постапиме соодветно, но и да ги користиме нејзините можности за добро на обете страни.

prostor3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top