Насловна / Вести / Виена: Интерактивна мапа која ќе Ви помогне да ги избегнете најтоплите места во градот

Виена: Интерактивна мапа која ќе Ви помогне да ги избегнете најтоплите места во градот

Чешката стартап компанија Ecoten која се занимава со урбанистичко планирање, развој на паметни градови и нивно озеленување, направила интерактивна мапа Urban Heat Vulnerabilty Map, која ги прикажува температурите на сите градски населби во Виена. Анализата освен температурите, ги покажува и деловите на градот каде е најпотребно разладување во дадениот момент. Населеноста на квартовите е исто така фактор кој влијае на интензитетот на загрозеноста на одредено подрачје, па според тоа најтоплите квартови и со истовремено најголем број жители се означени со изразена црвена боја. Во загрозени граѓани спаѓаат деца помлади од 14 години, хронични болни и населението над 65 години. Мапата ги има квантифицирано и овие категории на граѓани. Благодарение на сите овие податоци, градските власти можат да им ги олеснат жешките денови на граѓаните – со изградба на водени игралишта за децата и поставување на клупи во сенки за одмор на старите лица, во сите делови од мапата кои се „црвенеат“. Мапата се активира со двоен клик во верзијата наменета за мобилни телефони, па им овозможува и на туристите да ги изберат „светло обоените“ квартови, односно оние со пониски температури и со повеќе зеленило.

UHV1

UHV2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top