Насловна / Вести / Фондот за зелен развој добитник на наградата „Принципи за одговорно инвестирање“

Фондот за зелен развој добитник на наградата „Принципи за одговорно инвестирање“

Фондот за зелен развој (Green for Growth Fund – GGF), еден од првите светски специјализирани фондови за инвестирање во обновливи извори и енергетска ефикасност, е добитник на наградата на иницијативата „Принципи за одговорно инвестирање (PRI)“, востановена од стана на Обединетите нации (ОН). GGF ја доби наградата во категоријата “најголемо влијание на светско ниво“. Принципите за одговорно инвестирање (Principles for Responsible Investment – PRI), се основани во 2006 година од страна на тогашниот генерален секретатар на ОН, Кофи Анан.  Од тогаш бројот на компании кои ја поддржуваат оваа иницијатива брои над 3.000. Потписниците поддржуваат шест принципи кои нудат листа на акции за прашања од областа на животната средина, општество, управување и инвестициска пракса.  Оваа година, добитниците на наградите се избрани во пет категории, а биле предадени 120 пријави од страна на потписниците на иницијативата во 25 земји.  Finance in Motion, потписник на иницијативата и советник на GGF, го пријавил овој фонд како пионер во инвестирањето кое носи големи бенефити за целото општество.

ggf1

ggf2

 

GGF ја доби наградата за својата работа во ублажувањето на климатските промени и промоцијата на одржливиот економски раст во 19 региони ширум  југоисточна Европа, источното соседство на ЕУ, Блискиот исток и северна Африка, се истакнува во соопштението на фондот.  Инаку, Фондот за зелен развој е една од првите инвестициски компании за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и мерки за ефикасно користење на ресурсите. Од основањето во 2009 година, активностите на Фондот резултирале со вложувања во зелената економија од над милијарда евра.  Овие инвестиции годишно заштедуваат повеќе од 3,6 милиони MWh енергија, ги намалуваат емисиите на CO2 за повеќе од 920.000 тони и придонесуваат за намалување на употребата или повторна употреба на водата, отпадот и суровините, се истакнува во соопштението на GGF.

ggf3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top